Лажните патриоти од ВМРО ДПМНЕ или БМПО ДПМХЕ

Ако сакаш да уништиш една нација и држава, уништи го образованието, а за жал на тоа забрзано работат „патриотите“ од ВМРО ДПМНЕ. Во Василево оштетиле една табла на која пишува: „Програма за финансиска поддршка за руралниот развој, инвестицијата е финансирана од Владата на Република Северна Македонија“.

„Патриотите“ плакатолепачи ја прешкртаа придавката Северна и оставиле само Република Македонија, а врз таблата напишале ВМРО ДПМНЕ, или сакале тоа да го напишат, бидејќи ако точно се преведе тие всушност напишале БМПО ДПМХЕ ( измешале кирилица со латиница).

Но очигледно на „патриотите“ не им е битно образованието. Битно им е да колнат „предавници“ и Македонија „цела дае“!

Ај сега малку посериозно. Ова веќе не ниту за смеење, тажно е. Да не се знае кириличното писмо, а притоа да се продава патриотизам и да се колнат и пцујат „предавниците“ дека го уништуваат и продаваат македонскиот јазик и идентитет е навистина непатриотски.

Во еден од спотовите на ВМРО ДПМНЕ, наставничката го бутна на испит „Зоран“ оти не знаел кој го кренал Илинденското востание. Можеби во следниот изборен спот, некоја наставничка ќе ги научи вмровците како правилно да напишат ВМРО ДПМНЕ (и дека кратекната значи: Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство), па нема да мора да ги бутне на испитот – Патриотизам.

Биди патриот, научи кирилица!

Д. М.

Green CIVIL

FREE
VIEW