На информацијата дека Универзална сала ќе се руши се разви дебата и по социјалните мрежи. Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук напиша дека граѓаните требаа првин да се прашаат пред да се распише тендер за нејзино рушење, како коментар на веста објавена во Фактор за поддршката на Никола Наумоски за новите идејни решенија на Град Скопје за парк на местото на Универзална.
„Добро бре кога ќе научите дека демократијата значи расправа и аргументи и противаргументи.
Не ви текнува дека требаше да разговарате со граѓаните пред да распишете тендер?
И кога ќе научите дека еден град се гради со ум и со срце. Градот не е збир од градежни маркички туку жив организам кој пулсира и се развива и се прилагодува и се сеќава.
Не ви текна дека треба да се има план за градот во наредните 100 години?
И осмислување на заедничкиот простор?
Не ви текна дека меѓу силните згради треба да биде оставен простор? Дека изгледот на градот е проекција на душата на луѓето кои живеат во него? И дека градот влијае на психата на луѓето?
Кога имаш ваков објект ја прилагодуваш околината на објектот а не обратно.
Кога имаш некое старо дрво ја прилагодуваш околината на истото а не обратно.
Кога имаш обележје на минатото ја прилагодуваш оклината на него а не градиш ново обележје за некое измислено минато.
Градот го градат архитекти и социолози и психолози и педагози и старите и децата и младите и луѓето со попреченост и … а не некој шутрак кој партијата го поставила да биде градоначалник.
Ех багро неписмена“, напиша професорката Најчевска на Фејсбук.