ЦИВИЛ го промовираше проектот „Зелените доаѓаат“ на работилница во Велес што се одржа на 26 јули, недела. Учесниците на работилницата се запознаа со целите на проектот, а воедно дознаа повеќе како да се биде дел од зелената иницијатива за промени во општество во сферата на зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда.
Главната цел на проектот е подобрување на јавната перцепција, знаењето и начините за акција кои ќе го поддржат концептот на општество што ги почитува и негува зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Една од целите е овие кнцепти да бидат и разбрани и имплементирани од јавноста, политиките и носителите на одлуки. Проектот има за цел да го трасира патот на вистинско зелено движење што ќе направи реални промени во политичкото одлучување во земјата.
Учесниците се запознаа и со следните активности на ЦИВИЛ и како можат да се вклучат и со свое активно учество да придонесат кон целите на проектот. Планирани се семинари, уште работилници, во тек се фокус групите, јавен настан на национално ниво, интервјуа, онлајн и теренски активности, колумни, анализи и извештаи.
„Зелените доаѓаат“ е проект што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.