Презентација на „Зелените доаѓаат“ во Велес

ЦИВИЛ го промовираше проектот „Зелените доаѓаат“ на работилница во Велес што се одржа на 26 јули, недела. Учесниците на работилницата се запознаа со целите на проектот, а воедно дознаа повеќе како да се биде дел од зелената иницијатива за промени во општество во сферата на зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда.

Главната цел на проектот е подобрување на  јавната перцепција, знаењето и начините за акција кои ќе го поддржат концептот на општество што ги почитува и негува зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Една од целите е овие кнцепти да бидат и разбрани и имплементирани од јавноста, политиките и носителите на одлуки. Проектот има за цел да го трасира патот на вистинско зелено движење што ќе направи реални промени во политичкото одлучување во земјата.

Учесниците се запознаа и со следните активности на ЦИВИЛ и како можат да се вклучат и со свое активно учество да придонесат кон целите на проектот. Планирани се семинари, уште работилници, во тек се фокус групите, јавен настан на национално ниво, интервјуа, онлајн и теренски активности, колумни, анализи и извештаи.

„Зелените доаѓаат“ е проект што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW