На денешниот брифинг со новинари, градоначалникот на Скопје, понуди три опции за решавање на проблемот со Универзална сала, кој поттикна многу реакции во јавноста.
Како што објасни Шилегов се работи за неколку можни решенија, изградба на нова Универзална сала на истата локација, изградба на нова локација или реконструкција на сегашниот објект на Универзална сала.
Шилегов дополнително изјави дека според него за решавање на ова прашање треба да се одлучи на Референдум, а одлуката да ја донесат граѓаните.