За и против аргументи за судбината на Универзалната сала

Универзалната сала и нејзината дислокација и изградба на парк на нејзино место покрена лавина реакции во медиумите и социјалните мрежи. Најавата за нова Универзална сала, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ја соопшти уште во декември минатата година, велејќи дека за нејзиниот изглед ќе се распише јавен конкурс, а со изградба ќе се започне во втората половина на 2020 година. Со оглед дека веќе е распишан тендер и има најава за рушење на сегашната Универзална сала и на нејзино место никнување на парк, во дебата се вклучија и експерти и граѓани, но и политичари.

Во денешната колумна „А зошто да не: градски референдум за „Универзална сала“?, Сашо Орданоски, смета дека треба да „легнат“ во јавноста сите аргументации во јавната дебата, а потоа – зошто да не? – нека се распише и еден консултативен референдум за предложените решенија, за граѓаните на Скопје, оние кои тоа го сакаат, директно и демократски да се изјаснат за иднината на „Универзална““.

Емотивно на реагираше и активистот Зоран Кардула кој на Фејсбук напиша дека Скопје има многу малку објекти кои потсетуваат на убави работи, а паркови може да се направат и на друго место укажувајќи на Универзална сала како симбол на убави времиња, фестивали, концерти, љубов.

Бурна реакција, пак, дојде од професорката Мирјана Најчевска, која смета дека при ваква одлука Грда Скопје првин треба да ги праша граѓаните

“Добро бре кога ќе научите дека демократијата значи расправа и аргументи и противаргументи. Не ви текнува дека требаше да разговарате со граѓаните пред да распишете тендер? И кога ќе научите дека еден град се гради со ум и со срце. Градот не е збир од градежни маркички туку жив организам кој пулсира и се развива и се прилагодува и се сеќава. Не ви текна дека треба да се има план за градот во наредните 100 години? И осмислување на заедничкиот простор?“, праша Најчевска.

„Универзална остаре, се изветви, замириса, на Универзална и заврши животниот век во тој објект, тој е стар и демоде. Но за среќа таа може повторно да оживее. Универзална треба и мора да добие ново руво и потоа повторно ќе ги собира дотераните и напарфимираните гости кои ќе се гордеат со новото здание. Да, ја сакам Универзална сала, но сакам да биде нова!“, се изјасни и актерот Драган Спасов Дац.

Еден подолг Фејсбук статус со поддршка на одлуката на Град Скопје за судбината на Универзална сала напиша Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со образложување на повеќе тези пласирани во јавноста во врска со објектот.

„Се надевам дека сите ќе ги почекаме резултатите од конкурсот пред да судиме и се надевам дека што повеќе луѓе со што повеќе аргументи ќе учествуваат во јавната дебата што претстои. Оваа градска администрација покажала дека знае да се повлече пред аргументите на јавноста, но и цврсто да застане зад своите кога тие недостасуваат. Примерот со зелениот кров на ГТЦ, кога голем дел од јавноста фрлаше со дрва и камења, покажува дека понекогаш е добро да се опстои во намерите (со достижни компромиси) за да се убеди јавноста во проектите“, вели Наумоски.

Активистот и новинар Петрит Сарачини, вели: Да бидеме начисто: симболиката на Универзалната сала, фактот дека е донација на 20 и кусур земји и симбол на светската солидарност со Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963, илјадниците културни настани со сите кои нешто значат на домашната сцена а богами и многу светски муцки - не се само емотивни аргументи. Тие аргументи ја прават силна позицијата на оние што се против менување на ликот и локацијата на Универзалната сала.
Но, од друга страна, стојат и аргументите на оние што предлагаат нов објект па и нова локација - стариот објект е монтажен, времен и дотраен. Локацијата е претесна, нема ни пристапни улици ниту паркинг места, маалото е далеку потесно од пред 40-50 години...“.

Сарачини би сакал да го види тоа што го предлага Град Скопје, мултимедијален центар, со мали средни и големи сали, детскиот театар и куп други можности за развивање на културата и уметноста, па и подземен паркинг, енергетски ефикасна, со совршено озвучување и акустика...

Со свое видување излезе и Христијан Мицкоски, кој на Фејсбук напиша дека рушење на Универзлана сала не е опција.

„Ако некој сака да остави белег во Скопје, тогаш тоа нека бидат работите кои ќе ги создаде за Скопје, а не оние кои ќе ги руши“, вели тој.

Реплика дојде и од СДСМ сметајќи дека воопшто не е компетентен да дава оценка и дека е лицимерно тоа да го вели некој кој молчел кога Градот, во време на ВМРО-ДПМНЕ, се  обликува во фасади од барок и стиропор.

„ВМРО-ДПМНЕ узурпираше и ниту еднаш не ги праша граѓаните за мислење, СДСМ е отворена и заедно со граѓаните носи решенија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Градоначалникот Шилегов како најава за брифингот со новинари за Универзална сала на Фесјбук напиша: Напоменувам дека досега никој нема донесено било каква одлука за Универзалана!

Б. Ј.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW