ЦИВИЛ и Зелен ЦИВИЛ покрена иницијатива за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот во рамки на проектот „Зелените доаѓаат“ за промоција и за подобрување на јавната перцепција, знаењето и начините за акција кои ќе го поддржат концептот на општество што ги почитува и негува зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
Зоран Кардула, активист за човекови права и дизајнер на креативен начин упати порака дека е време да го обоиме светот во зелено.
„Зелените доаѓаат“ е проект што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
This post is also available in: English