За само 28 дена (4-31 јули), Фејсбук страницата на ЦИВИЛ допрела до 1.000.000 (еден милион) корисници на оваа социјална мрежа. Страницата добила 1.360 нови лајкови, а дури 663.000 посети, реакции или споделувања на линковите што се објавени во тој период.
Иако посетеноста и поддршката за Фејсбук страницата и за медиумската платформа на ЦИВИЛ е висока, во изминатиот период таа бележи повеќекратен подем, со оглед на тоа дека се одржаа избори. Тоа покажува дека социјалните профили и медиумската платформа на ЦИВИЛ се честа дестинација на публиката што сака да се информира за најактуелните процеси и настани во земјата.
Инаку, Фејсбук страницата на ЦИВИЛ им се допаѓа на 34,894, а ја следат 36,437 луѓе. Организацијата денеска се заблагодари за поддршката и довербата.
https://www.facebook.com/civil.mk/posts/3104668509651597