Град Скопје развива и имплементира мерки и алатки за ублажување на негативните ефекти од климатските промени.
Како секторите на Градот го прават тоа, граѓаните може да прочитаат во веќе објавените написи: Вовед: Урбана отпорност и климатски промени, Урбана отпорност – Водни ресурси, Урбана отпорност – Природни ресурси и Јавно зеленило и Урбана отпорност – Сектор здравство.
„Градовите се ранливи на климатските промени поради големата концентрација на луѓе и добра, како и поради зависноста од инфраструктурните системи. Од друга страна, градовите се главни генератори на климатските промени и одговорот треба да се бара на местото на создавањето на проблемот. Градот Скопје, свесен за фактот дека се почесто и се посилно ќе се јавуваат екстремни временски настани кои ќе станат вообичаена појава, а уште повеќе свесен за последиците од тие настани, кои стануваат дел од секојдневниот живот на неговите граѓани, размислува за начинот на кој ќе даде свој придонес во намалувањето на проблемите кои климатските промени неминовно ги создаваат, но и како животот на своите граѓани да го направи побезбеден и посигурен“, наведуваат од Град Скопје.