„Водени од бројните реакции на граѓаните по неодамнешното покачување на цената на електричната енергија за покривање на загубите на производителите, но и од реакцијата на граѓаните за неправилни услуги на енергетските компании кон нив и мотивирани да се обезбеди решение за стариот проблем кој досега не бил доволно решен, со цел да се спречат насилни и радикални реакции и однесување на одредени групи на лути граѓани, Иницијативниот совет за организирање на протестот против покачувањето на цената на електричната енергија и многу други проблеми поврзани со енергијата, ги покануваме граѓаните на Тетово и околината, да ни се придружат во четврток, 06.08.2002 година, во 19:00 часот на плоштадот Илирија“, се вели во соопштението на Еко Герила. Протестот се организира за да се спречи одлуката на РКЕ за зголемување на цената на електричната енергија, како реакција на монополот на услугите на компанијата ЕВН и нивното неправилно однесување кон потрошувачите и барање за распуштање на РКЕ, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорациите кои ја оштетуваат веќе оптоварената економија на граѓаните и формирање на независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.
Од Еко Герила ги предупредија сите заинтересирани граѓанки и граѓани што ќе се приклучат на протестот да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од пандемијата Ковид-19, со носење маски и почитување на физичкото растојание). Воедно ги поканија и граѓанските органзиации и институциите поддржат организацијата на протестот од јавен интерес.