Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Јавноста побара санкции, државата даде рок за спроведување на мерката 14.500 денари на работодавачите што добија финансиска поддршка

01/08/2020
in АКТУЕЛНО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Индиската држава Сиким ќе започне со најголемиот експеримент за задолжителен основен приход
Share on FacebookShare on Twitter

Врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година , за остварување на правото потребно е работодавачот да поднесе Барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година  за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи, соопштија од УЈП на 1 мај 2020.

Уредбата што ја донесе Владата со цел помош на работодавачите за да не се отпуштаат работниците, првично имаше силен одек, па таа беше продолжена и за месец јуни, со цел полесно справување со здравствената криза од корона вирусот, која има големо влијание и врз економијата. Мерката 14.500 денари како поддршка по вработен требаше да придонесе кон задржување на илјадници работни места.

Во април финансиска поддршка е дадена на 19.780 работодавачи на кои се исплатени милијарда 793 милиони 207 илјади 630 денари, за вкупно 128 илјади 315 вработени. Во мај е дадена на 19.938 работодавачи во вкупен износ од 1 милијарда 666 милиони 373 илјади 597 денари, за вкупно 119.182 вработени. Во јуни 2020 финансиска поддршка е дадена на 17.905 компании во износ од 1 милијарда 404 милиони 470 илјади и 647 денари, за вкупно 101 илјади 148 вработени.

Злоупотребата на државните пари од фирмите што добија финансиска поддршка, а не ги исплатиле работниците ја фрапираше јавноста, која веднаш побара санкции за работодавачите кои се осмелиле да порфитираат врз грбот на работниците во време на голобална криза со пандемијата од Ковид-19.

Во изјава за ЦИВИЛ Медиа, професорот Бранимир Јовановиќ, вели дека не е доволно фирмите да ги вратат парите туку и да сносат кривична одговорност.

Државата треба јавно да ги објави имињата на фирмите кои не им ги дадоа парите на работниците туку си ги задржаа за себе, бидејќи јавноста има право да ги знае тие „јунаци“, вели Јовановиќ, додавајќи дека мора да покаже строгост и да ги казни фирмите и со тоа да упати порака дека секој ќе биде казнет ако погреши.

Дел од фирмите побрзаа да ги исплатат парите на работниците за да не сносат санкции, а Владата, пак, од своја страна објави список на сите фирми што земале финансиска поддршка од државата за исплата на плата на вработените за време на корона-кризата, но не им ја исплатиле на работниците.

На прес-конференција на Управата за јавни приходи беше објавено дека вкупно 281 работодавач кои примиле финансиска поддршка за месец април годинава во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, односно за месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска истакна дека на работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата им доставени опомени и како што најави доколку не извршат исплата во определениот рок, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата.

ЦИВИЛ, исто така, најостро ги осуди противзаконските и нехумани постапки на работодавачите кои примиле финансиска помош од државата и – наместо да им дадат плати на своите вработени – тие ги задржале парите за себе. Според ЦИВИЛ, тоа е незамисливо срамно и крајно неприфатливо однесување кое мора веднаш да биде санкционирано.

 

 

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW