Мирни протести во Тетово и Дебар против поскапувањето на струјата

Во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево со почеток во 18 часот се одржаа протести против порастот на цената на електричната енергија, додека во Куманово пак се протестираше попладне во 14 часот.

Протестот во Тетово беше масовно посетен од неколку илјади граѓани, а барањата ги соопшти Арианит Џафери од организациониот одбор на протестот кој ги повтори барањата од минатиот протест и ги дополни со барање до Владата за намалување на ДДВ од 18 на 5 %. Пораките беа пренесени на албански јазик. Тој, исто така, ги осуди палењата на службените возила на ЕВН кои им нанесуваат штета на легитимните и оправдани барања на граѓаните, а застана во одбрана на Кренан Османи кој ноќта бил повикан на разговор во полиција, но потоа пуштен бидејќи според него немал ништо со случајот.

Протест против поскапување на струјата, Тетово/ Фотографија: Перо Наумовски

Организацијата на протестот, неговата масовна посетеност и сценографијата со силно озвучување, големиот број на транспаренти, зурлите и тапаните како и огнометот сепак оставија впечаток дека истите имаа финасиска и организацина логистика од некои политички структури кои сакаат да го искористат оправданото незадоволство на народот за реализација на сопствени политички цели.

Протест против поскапување на струјата, Дебар/ Фотографија: Шуип Марку

Протестот помина во мирна и достоинствена атмосфера. Сепак, забелешката е дека воопшто не се почитувале мерките за заштита од коронавирусот , а голем дел од учесниците не носеле заштитни маски.

Во Дебар, пак, имало околу стотина луѓе на протестот. За разлика од првиот протест кога имало присутни само машки, сега присуствувале и жени. Организатор и овој пат била навивачката група Кораб Соколат, а рута се движела од Општината до просториите на ЕВН во Дебар.

Б. Јордановска во соработка со Перо Наумовски (Тетово) и Шуип Марку (Дебар)

Green CIVIL

FREE
VIEW