Молчењето не е решение - урбана акција против семејното насилство

Со урбана акција „Молчењето не е решение“ во Градскиот парк во Скопје, уметници алармираа за проблемот со семејното насилство во земјава, кој стана поизразен поради карантините во време на пандемија на Ковид 19, пренесува Радио МОФ.

„Семејното насилство е во подем особено во време на кризи, епидемии и пандемии. Најчести жртви на овој тип насилство се жените и децата. Многумина притиснати од кризата, секојдневната пресија и проблеми својот бес и лутината ги истураат на своите најблиски односно на членовите на семејството. Иако Македонија има систем и институции кои успешно се справуваат со овој тип на проблеми жртвите на семејно насилство најчесто одбираат да молчат односно молчат додека не стане предоцна. Идејата на оваа акција е од една страна да се охрабрат жртвите да проговорат и да побараат помош но од друга страна главна цел на акцијата е повеќе да се охрабрат сведоците на ваквите состојби да реагираат наместо да игнорираат и да ја забиваат главата во песок под превезот дека тоа не е нивна работа“, стои во појаснувањето за акцијата.

 

Green CIVIL

FREE
VIEW