МТСП: Живеалиштата на бездомните лица во Чичино село не се опожарени, но привремено ќе бидат сместени во друг објект

Од Министерство за труд и социјална политика за ЦИВИЛ Медиа велат дека во вчерашниот пожар што избувна во две бараки во Центарот за згрижување бездомни лица во Чичино село нема повредени и дека во тек е увид на екипа на МВР за целосно документирање на случајот.

„Тие бараки веќе неколку години се ставени вон употреба и не се користат за сместување бездомни лица. Живеалиштата на бездомните лица не се опожарени. Додека не се создадат услови за нивен непречен престој таму, бездомните лица неколку дена ќе бидат привремено сместени во друг објект“, велат од МТСП.

Дехран Муратов

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW