Протестите против поскапувањето на струјата продолжуваа и утре во Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Кичево. Во најавата на протестот во Скопје се вели дека поддршка имаат и од Полицискиот сојуз, Синдикатот за образование, Конфедерацијата на синдикатите на РСМ и други граѓански здруженија и невладини организации. Во Скопје од 14 до 16 часот ќе бидат блокирани крстосниците кај Судска Палата и кај Палома Бјанка.
Конфедерацијата на синдикатите својот протест ќе го започнат во 13:30 пред нивните канцеларии и ќе се приклучат кон блокадите.
Во Прилеп протестниот марш ќе започне во 19 часот на плоштадот „Методија Антонов Ченто“, во Битола во 19 часот пред Фонтаната кај Музејот, а во Тетово е најавена герила акција, наместо протест.