Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Планета во криза значи општество и економија во криза – потрошени сите расположиви обновливи природни резерви на Земјата за 2020

21/08/2020
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Волја можеби има, но време има сѐ помалку
Share on FacebookShare on Twitter

Човештвото ќе ги потроши сите расположиви обновливи природни резерви на Земјата за 2020, според научниците кои посочуваат дека мрачниот праг оваа година беше достигнат нешто подоцна од претходната година затоа што пандемијата на коронавирус го забави неконтролираното исцрпување на природните резерви.

Истражувањата покажуваат дека точката ќе биде достигната на 22 август (утре) во однос на минатата година, кога беше достигната на 29 јули, што значи редок случај на пресврт на трендот откако пандемијата запре живот и предизвика привремен пад на емисиите на стакленички гасови и уништување на шумите. Ова претставува намалување од 9,3 проценти во човечкото влијание во однос на претходната година, според Глобалната мрежа за отпечатоци.

Но, тоа не е нешто што треба да се слави, изјави во четвртокот лидерот на мрежата, Матис Вакернагел.

„Ова не е резултат на свесна одлука, туку на катастрофа“, додаде тој.

Научниците го пресметуваат денот кога човештвото ги троши сите природни резерви што Земјата успева да ги обновува од година во година, проучувајќи ја човечката потрошувачка и потреби за храна, енергија, простор за домаќинства и патишта и капацитетот на планетата да ги апсорбира глобалните емисии, вели Вакернагел.

Според студијата, пандемијата предизвикала намалување од 14,5% на емисиите на јаглерод диоксид во однос на претходната година, а уништувањето на шумите паднало за 8,4% како резултат на очекуваниот пад на побарувачката. Научниците посочуваат дека пандемијата предизвика големи нарушувања во глобалниот земјоделски систем и пазарите, но заклучуваат дека целокупниот ефект врз намалувањето на обемот на влијанието на човештвото на планетата е мал.

Глобалната мрежа за отпечатоци наведува дека промените во навиките на потрошувачите се можни на краток рок, како резултат на напорите за контрола на пандемијата.

Шефот на WWF International, Марко Ламбертини повика на размислување за фактот дека економскиот развој не мора да биде придружен со уништување на животната средина. „Можеме да еволуираме, но не на штета на нашата планета затоа што знаеме дека планетата во криза значи општество во криза и економија во криза“, додаде тој.

извор: пари.ком.мк

govor
CIVICA
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW