Протест во Тетово против поскапување на струјата, во Скопје и Кичево се одложија

Тетово и денеска протестираше против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, за поскапување на струјата за 7.4%.
На вечерашниот протест, кој се одржа на плоштадот на градот, организаторите ги повторија барањата, истакнувајќи дека нема да отстапат и да ги запрат протестите до нивното исполнување.

„Да се повлече одлуката за поскапување на цената, да се намали актуелната цена за 40%, да се национализира дистрибуцијата на електричната енергија, да се одземе монополот на ЕВН и да се укине регулаторната комисисја за енергетика”, се барањата кои во името на организаторите на протестор ги прочита Арианит Џафери.
Освен во Тетово, протести беа најавени и во Скопје и Кичево, но истите беа одложени и организаторите најавија дека ќе го одложат за следната недела.
А. Зеќири 

 

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW