Веќе две недели македонскиот бисер Охрид е преполн со туристи. Генерално, во посета на овој убав град на брeгот на Охридското Езеро има туристи од нашата држава, но и од соседните Србија и Бугарија.
Покрај константните гужви на патиштата кон плажите, непочитување на мерки и протоколи, сè почесто можат да се забелажат фотографии на социјалните мрежи од купови отпад на сите туристички дестинации, на сите природни убавини, буквално на секој агол.
Ова секако не е случај само во Охрид. Cо години на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од негрижата на граѓаните и институициите за природните богатства и генерално за околината и опкружувањето.
Некултурата, невниманието, несовесноста на „граѓаните“ се забележува буквално на секој чекор и ретко кој се однесува како човек. Повеќето очигледно мислат дека некој треба да собира по нив.
Д.Е. / Фронтлајн.мк