ЦИВИЛ го осудува говорот на омразата од директорката на делчевскиот здравствен дом

ЦИВИЛ го осудува говорот на омразата кој се открива во изјавата на директорката на Здравствен дом во Делчево, Марија Глигоровска, во која таа открива дека една пациентка е, како што вели, од „ромската популација“.

„Имаме уште еден случај кој контактирал со нашата сограѓанка која е од ромската популација. Знаете нивната психоза е малку подруга“ - изјави таа.

Таа во својата изјава за медиумите ја нарушува приватноста на пациентите, генерализира, дискриминира и дава квалификации врз етничка основа, од позиција на официјална претставничка на јавна институција. Без оглед на тоа дали се работи за погрешна употреба на терминот, Глигоровска со својата изјава шири етнички предрасуди и поттикнува говор на омразата.

ЦИВИЛ бара од институциите да поведат постапка соодветно на законските прописи, со која ќе се санкционира ваквиот говор на омраза од претставничка на јавна институција.

This post is also available in: Albanian

Green CIVIL

FREE
VIEW