Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси веќе пристигнаа голем број пораки со артикулирани барања до идната влада, коишто се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ.
Граѓанската активистка Виолета Димовска, пишува:
Би сакала да се фокусирам на образованието и безбедноста.
Како приоритет го истакнувам од големо значење, бидејќи секојдневно се сочуваме со нови закани и предизвици по безбедноста на луѓето и човештвото. Сакам да потикнам максимален придонес во подигнување на општата свест за адаптација (приспособување) и навремено реагирање со адекватни промени на климатските промени. Сето тоа би требало да започне со образованието уште од најмала возараст со цел да се креираат генерации кои во иднина би биле спремни да се соочат со сите предизвици кои ги носи едно турбулентно и ризично време за човештвото.
Во Македонија многу малку се посветува внимание на воспитно-образовните модели за едукација и самозаштита во предучилишното и основното образование, дури може да се каже дека и е доста занемарено. Во предучилишното образование воопшто не постојат програми за едукација на самозаштита, додека во основното образование се обрнува сосем мал дел и тоа во предмети кои што се изборни а не задолжителни за сите ученици. Импликацијатa е дека ако се случи катастрофа, раното предупредување може да спречи штети од пошироки размери. Всушност на тој начин и определен настан не мора да прерасне во катастрофа. Најважниот проблем е да се обезбедат максимални образовни придобивки, подобрување на квалитетот и соодветноста на образовните установи на тој начин придонесувајќи за квалитетот на образованието.
Живееме во едно глобално општество кое се карактеризира со голема динамика во комуникацијата и движење на луѓето низ целиот свет, како и брз техничко-технолошки развој, кој влијае на квалитетот на животниот стандард на населението. Но, во исто време и современата цивилизација се соочува со големи предизвици кои се почесто го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, животната средина, материјалните, културните и другите богатства на државата. Ваквите појави се се попристутни и денес. Затоа треба да се посветува се поголемо вниманите на планирање и превземање на конкретни мерки и активности насочени кон превенција и намалување на ризиците. Неопходен е систематски пристап за рано предупредување и справување е со ризици. Подготвеноста за самозаштита е нужност која ја наметнува потребата за стекнување со знаења за справуање со ситуации кои ја загрозуваат безбедноста. Систем за рано предупредување претставува капацитети што се потребни за навремено да се генерираат и да се распостранат значајни информации на предупредување, со што ќе им се овозможи на поединците, заедниците и на организациите што се под закана од опасност да се подготват и соодветно да дејствуваат и во доволно време да ја намалат можноста да се случи штета или загуба.
Човештвото отсекогаш живеело и ќе живее во присуство на најразлични извори на небезбедност, опасностите што не опкружуваат постојано се менуваат и за жал предизвикуваат се поголеми последици и штети.
Наша заедничка обврска е да ги запознаеме и подготвено да се соочиме со нив.
Како вработена во институција која главна дејност е да дава општесвени услуги односно дневна социјална заштита на деца, секојдневно сум во судир и ги согледувам потребите на заедницата и децата како најважен сегмнт за човештвото кое мора да се заштити. Како магистранат на насоката кризен менаџмент на факултетот за безбедност во Скопје имам изготвено научни трудови, истражуувања за оваа проблематика. И како тема за мојата магистерска теза ја имам обработено Улогата на воспитно – образовниот процес во системот за управување со кризи како и соработка со релевантни институции од облата како Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување, Ценар за управување со кризи и општински организации поврзани со заштита на животната средина и климатските промени. Има учествувано во општински и регионални организации за заштита и спасување од природни непогоди и ризици како и подобрување во подготвеност адекватен општествен одговор на истите. Како исклучително важно го наведувам дека е неопходно и алармантно пробудување општествената свест на повиско ниво за да може да се вијае позитивно и да се остварат резултати во справување со негативните влијанија со климатските промени.
Моите очекувања се владата да посвети значајно поголемо внимание на безбедноста и образованието со тоа што, во редовната настава во училиштата ќе се вметнат програми за едукација на самозаштита за којшто знaчењето за успешно спроведување би било од клучна улога за безбедноста во земјата. Со којшто преку еден теориски и практичен начин би се креирале генераци кои би биле свесни, информирани, образовани со навики за превенција со што би се намалила штетата. Во текот на образованието можеме да развиеме луѓе со чувство на одговорност, вистинитост, хуманост и правда, кои на крајот ќе резултираат од луѓето кои имаат способност да се заштитат себеси и другите во такви случаи. Затоа мислам дека се понеопходен е еден таков образовен модел и пристап во образованието. Резултатите би биле максимално позитивни, битни и значајни за општеството. Очекувам дека стручните институции ќе го увидат недостатокот и неопходноста од воведување на ефикасен модел на самозаштита во воспитно-образовниот процес, и со самото тоа ќе се вклучат сите засегнати страни за негово успешно имплементирање.