Дерала: Зелените вредности се единствената алтернатива и за општеството и за државата

На првиот ден од Зелениот караван на ЦИВИЛ, што тргна денеска во 11 часот од Плоштад слобода во Скопје, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и се обрати на јавноста и поддржувачите на организацијата со пораки за зелените вредности.

Зелените доаѓаат, изјава на Џабир Дерала

Gepostet von Civil MK am Freitag, 11. September 2020

– ЦИВИЛ е организација која не претерува со големи сцени, со големи рефлектори, туку е една мобилна организација која е постојано во некоја мобилност, некаква акција… Денеска е почеток на Зелениот караван, го започнуваме симболично на Плоштадот на слободата, во Скопје, меѓутоа, тоа ќе биде една серија од активности кои ќе се одвиваат низ целата земја.

Ова е една иницијатива која ја започнавме долго време пред овој настан, може да се каже пред добри пет години, започнавме со активности кои се засилување на нашиот мандат како организација која се залага за европски и зелени вредности. Веќе дваесет години зелените вредности се дел од нашите заложби, колку што постои и самата организација, се разбира, ова е уште една голема акција на ЦИВИЛ, да влезе во директна комуникација со граѓанките и граѓаните.

Зелениот караван на ЦИВИЛ ќе ги промовира зелените вредности, европските вредности, социјалната правда и антинационализмот. Бидејќи наш став е, заложбите за зелените вредности, во кои секако спаѓа и заштитата на животната средина, не е доволно да се биде само поддржувач на чистите улици и слично, тоа е комунална хигиена. Зелените вредности можа да се практикуваат само во единство, со почитување на човековите права и слободи, достоинството, во единство на почитувањето на сите аспекти на социјалната правда, и секако почитување, и активност во доменот на интегрирање на општеството. Антинационализмот е една од главните идеи, една од трите главни идеи со кои се носиме подолго време, а зелениот караван ќе се фокусира токму на промовирање на тоа единство на вредности, единство на акција која е потребна во општеството. Зелените вредности се единствената алтернатива и за општеството и за државата, и воопшто за планетата.

Затоа, сметаме дека е добро да започнеме со директна комуникација со граѓанките и граѓаните, а наредни активности ќе бидат посета на повеќе општини во градот Скопје, меѓутоа и одржување работилници во соработка со градоначалниците и општинските власти во Кавадарци, Велес, Гостивар, Штип и други градови. Се разбира, ќе бидеме во директна комуникација и со граѓанките и граѓаните и во другите делови од земјата каде што ќе имаме вакви слични помали настани, на улица, на инфо штандови на кои ќе поделиме информации, ќе пуштиме некоја тематска музика, и се разбира, најважно од се, ќе разговараме со луѓето, за сите нивни проблеми, за сите нивни идеи, за тоа како да се надминат нивните локални проблеми, а се разбира и нивните замисли за тоа како треба да се соочуваме со нашите предизвици на национално ниво.

Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“, проект кој и досега имаше многу активности, со фокус групи, со медиумска продукција, со друг тип на активнсоти, и се разбира, е дел од нашата, веќе подолго од пет години, долга соработка со Фондацијата Хајнрих Бел. Тоа е се што би сакале денеска да го кажеме, меѓутоа, би сакал да најавам за јавноста, за нашите поддржувачи, дека очекуваме веќе следниот пат, кога ќе бидеме низ Скопје, да ни се придружат граѓанките и граѓаните, и да го кажат своето мислење. Зошто зелено? Кажете го вашето мислење гласно.

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW