Здружението „Храна за сите – Банка за храна Македонија“ утре, 26 септември, со почеток во 11 часот ќе спроверде герила акција за подигање на свеста за загубите и отпад на храна пред влезот на депонијата Дрисла во село Батинци.
Акцијата е по повод Меѓународен ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна (International Day of Awareness of Food Loss and Waste), 29 септември, назначен од Генералното собрание на Обединетите Нации во декември 2019 година. Здружението „Храна за сите“ и партнерите ЦБФ Македонија, членки на ВСС Ефект Коалицијата и волонтери од бројни организации решија на симболичен начин да дадат свој придонес во укажување на проблемотод загубите и отпадот во храна, наспроти големата немерлива сиромаштија и глад кои ги имаме во нашето општество.
Целта на овој настан е да ги “запрат“ сите кои имаат намера да фрлат храна на депониите и ѓубриштата во нашето општество!
„Нé секоја храна која завршува на депониите местото и е на тие места, има храна која може да се конзумира од нас луѓето, затоа сме решени да го “сопреме тој егзодус на храна“ кој е производ на нашето несоодветно однесување и постапување со истата“, се вели во најавата на здружението.
Нивното мото е “да ги храниме економиите, а не депониите!“