Центар за климатски промени – Гевгелија, во рамките на проектот “Граѓанска платформа за следење на преговорите со ЕУ за Поглавје 27” организира информативна сесија за претставниците на граѓанските организации со цел нивно информирање за целите на проектот и можностите за вклучување во истиот.
Информативната сесија ќе се одржи на 28 септември 2020 година со почеток во 11.00 часот преку онлајн апликацијата ZOOM. Заинтересираните можат да се пријават на следниот ЛИНК.
Можностите за вклучување во проектот ќе бидат презентирани од страна на Јадранка Иванова, експерт за апроксимација во животната средина.
Главната цел на проектот е насочена кон зајакнување на улогата на граѓанските организации од областа на животната средина во процесот за приближување и подготовка за преговори со ЕУ за Поглавје 27. Целна група на проектот се граѓанските организации кои работат на полето на животната средина, одржлив развој, енергија и земјоделство.