ЦИВИЛ како дел од активностите во Зелениот караван во вторник, 29 септември, со почеток во 12 часот ќе одржи работилница во малата сала на Народниот театар во Гевгелија (Дом на култура).
На работилницата ќе учествуваат претставници на Општината и општинскиот совет, институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области. На работилницата се предвидува учество од максимум 20 лица, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
Модераторка на работилницата ќе биде Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, а со свое излагање за проектот ќе се претстави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.