Зелениот Караван на ЦИВИЛ вчера во општина Гостивар одржа работилница „Доаѓаат Зелените“, на којашто со краток говор учествуваше и градоначалникот, д-р Арбен Таравари.
Пред се, би сакал да им се заблагодарам на невладината ЦИВИЛ, којашто секогаш знае да не удостои со присуство и со активностите што ги организира во Гостивар. Исто така и на невладината ГВеко од Гостивар, со коишто општината има релативно добра соработка. Во склоп на ова општината Гостивар веќе започна одредени активности, како што гледате, зад нас е велосипедската патека, на кејот на Вардар, којашто ја направивме со мала инвестиција, меѓутоа веќе изгледа убаво. Успеавме километар и пол, или илјада и петстотини метри да направиме велосипедски патеки. Како општина можеме да се пофалиме дека сме меѓу ретките општини со огромна количина зелени површини, посебно во овие три години инвестиравме во три мали паркови. Речиси нема населба или село на територијата на општина Гостивар во коишто нема зелени површини, и така ќе продолжиме и во иднина. Утре повторно не чекаат одредени активности, ќе биде ден на кој нема да користиме автомобили во градот воопшто, туку ќе биде ден на велосипеди во нашиот град…
Ова е веќе втора година што организираме ваква активност, и да се надеваме дека сите ние, и локалната власт, и централната, ќе и посветиме повеќе внимание на екологијата и на значењето на сите активности коишто помагаат за чист воздух, чиста почва и чиста вода, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, д-р Арбен Таравари, на работилницата „Зелените доаѓаат“.
Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.