Дискриминацијата при вработувањето е честа тема во медиумите и во јавната комуникација. Недоволното разбирање и честата политизација на темата околу вработувањето ја налага потребата од поширока јавна дискусија со аргументи од повеќе аспекти на сите засегнати страни.
Затоа, ЦИВИЛ организира јавен настан, панел дискусија на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ в среда, 30 септември, во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.
Учество на панел дискусијата ќе земат Јована Тренчевска, Раководител на одделение за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности во Министерство за труд и социјална политика , проф. Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, Висар Адеми, експерт за економија, Лиса Баута Шаќири, авторка и правничка и Рамуш Муарем-Цирко, новинар. На почетокот на панел дискусијата, Џабир Дерала ќе ги претстави ставовите и првичните препораки на ЦИВИЛ на оваа тема.
Иако настанот е од отворен карактер, се препорачува настанот да се следи онлајн, преку медиумската платформа и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.
По одржувањето на овој настан, ЦИВИЛ ќе ги дополни препораките на организацијата и ќе ги вгради во посебен документ кој ќе биде доставен до релевантните институции, како дел од Граѓанскиот форум во кој до сега учествуваа голем број експерти и активисти, како и заинтересирани граѓанки и граѓани.
Настанот е дел од проектот „Европа е наш дом“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.