ЦИВИЛ организираше работилница во рамки на Зелениот караван посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, на отворено во Гостивар.
На работилницата градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, претставници на општината и на Советот, како и претставници на граѓанското општество имаа можност да ги разменат своите ставови со тимот на ЦИВИЛ. Проектот го презентираше Џабир Дерала, кој воедно ја истакна важноста на граѓанското учество и на носителите на одлуки во заедничка соработка на промоција и негување на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
https://www.facebook.com/green.civil.mk/videos/933519433725411/
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, зборуваше од аспект на општинските активности во рамки на екологијата, заштита на животната средина и одржливиот развој во општината.
Дехран Муратов од ЦИВИЛ се осврна на состојбата со национализмот и говорот на омраза во нашата земја и причините за нивната појава.
Свое обраќање имаше и претставничката на граѓанското здружение „ГвЕко“ која ги презентираше активностите на организацијата во областа на екологијата и потребите на Општина Гостивар да биде чекор поблиску до еко град.
Зелениот караван на ЦИВИЛ заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.
Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.