Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Зелен ЦИВИЛ: Зелените политики во фокусот на локалната власт во Гевгелија

05/10/2020
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Зелен ЦИВИЛ: Зелените политики во фокусот на локалната власт во Гевгелија
Share on FacebookShare on Twitter
ЦИВИЛ како дел од активностите во Зелениот караван денеска одржа работилница во малата сала на Народниот театар во Гевгелија (Дом на култура).

Модераторка на работилницата беше Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, а со свое излагање за проектот ќе се претстави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Во присуство на медиумите и присутните граѓанки и граѓани, свои обраќања на тема зелени вредности, социјална правда и антинационализам имаа градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков и претседателот на Советот на Општината, Тодор Ристов.

На работилницата беа поканети претставници на Општината и општинскиот совет, институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области.

Сашо Поцков, градоначалник на Општина Гевгелија/ Фотографија Јон Ајдини
Градоначалникот Поцков ги истакна капиталните инвестиции во зелените политики на локално ниво, како и социјалните политики, особено во последниот период, наметнати од пандамијата со Ковид-19. Градоначалникот напомена дека сè уште постои интерес за отворање рудници во гегелискиот регион, но заеднички со Советот одлучиле дека Гевгелија ќе инвестира во зелени решенија, одржлив економски, еколошки и социјален развој.
Претседател на Совет на Општина Гевгелија, Тодор Ристов/фотографија Јон Ајдини
Претседателот на Советот, Ристов се осврна и на транспарентноста на општината за одлуките што се носат на локално ниво во интерес на граѓаните.
Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.

Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.
govor
CIVICA
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW