Зелена анкета: Скопјани сметаат дека зелените вредности не се почитуваат и практикуваат

Зелен ЦИВИЛ ги праша граѓанките и граѓаните во Скопје колку зелените вредности де негуваат во нашата држава. Многумина од нив заклучија дека не само што не се негуваат туку и дека не постои свесност што всушност тие претставуваат.

„Не, не се негуваат. Сѐ се руши. Сѐ што може да биде здраво и зелено тоа се руши, бетон се става“, смета една граѓанка.

„Ниту почитување на достоинство и почитување на човекови права, слобода на говор особено, демократија немаме никаква, еднаквост уште помалку. И потребна ни е трансформација на општеството и на демократијата. Демократијата треба да почне да владее тука, бидејќи очигледно не е така“, изјави друга граѓанка ставајќиги човековите права и демократијата како приоритетни пред да се зборува за зелени вредности.

„Ги немаме тие вредности, многу ниски се и ако ги имаме многу се ниски. Треба свеста на граѓаните на постарите и на помладите да проработи, да им се каже да пазат на тие вредности и да се смени нешто. Но треба да се почне од младите, да учат од постарите. Мислам дека постарите се по свесни“, изјави еден од анкетираните.

„Дефинитивно не. Не сметам дека се негуваат, видливо е, тргнувајќи од животната средина, секојдневието од просторот што не опкружува, дека не ги негуваме зелените вредности. Социјална правда исто така е на многу ниско ниво, или сметам дека не постои во нашата земја. Односно има многу социјална неправда, и дека сето тоа треба полека да го менуваме“, е одговорот на една од анкетираните граѓанки.

Анкетата е дел од Зелениот караван на ЦИВИЛ посветен на промоција и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети


Green CIVIL

FREE
VIEW