Зелениот караван на ЦИВИЛ денеска во Гевгелија

ЦИВИЛ како дел од активностите во Зелениот караван денеска, со почеток во 11 часот ќе одржи работилница во малата сала на Народниот театар во Гевгелија (Дом на култура). На работилницата ќе учествуваат претставници на Општината и општинскиот совет, институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области. На работилницата се предвидува учество од максимум 20 лица, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

Модераторка на работилницата ќе биде Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, а со свое излагање за проектот ќе се претстави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Свое обраќање најавија и градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, претсдателот на Советот на Општината, Тошо Ристов и директорот на ЈПКД “Комуналец” – Гевгелија, Златко Зумров.

Зелениот караван на ЦИВИЛ по работилницаа продолжува со инфо-штандови во Гевгелија во 13:30, а во попладневните часови во Демир Капија каде граѓанките и граѓаните, медиуимите и сите заинтересирани лица кои  ќе ги посетат ќе имаат можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ, а воедно ќе можат да учествуваат во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење“.

Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.

Green CIVIL

FREE
VIEW