Зелениот караван на ЦИВИЛ утре во Старата скопска чаршија

Зелениот караван на ЦИВИЛ продолжува во Скопје на 16 септември (среда), со инфо штанд во Старата скопска чаршија, поточно, на плоштадот ,,Скендербег”, со почеток во 12 часот. Граѓанките и граѓаните, медиуимите и сите заинтересирани лица кои ќе го посетат штандот ќе имаат можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ, а воедно ќе можат да учествуваат во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење“.

Зелениот караван на ЦИВИЛ е посветен на промоција и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Социјалната правда и антинационализмот се дел од европските и зелените вредности кои ЦИВИЛ ги застапува во текот на своето 20-годишно постоење, а во изминатите неколку години и во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, чие регионално седиште е во Сараево, БиХ.

Тимовите и активистите на ЦИВИЛ ќе патуваат низ земјата и ќе одржат повеќе настани во соработка со општините и локалните граѓански организации. Ќе се одржат работилници на тема „Зелените доаѓаат“ во Штип, Гостивар, Велес, Кавадарци и Скопје. Низа средби со граѓанките и граѓаните ќе се одржат и во други општини низ целата земја.

Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.

Во претходната фаза од проектот се спроведуваа голем број активности меѓу кои се и тематските фокус групи и медиумската продукција од која се издвојуваат колумните и анализите што се објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, првенствено на интернет порталот Зелен ЦИВИЛ. Инаку, Зелен ЦИВИЛ е организациска единица на ЦИВИЛ, која се формира девет години по основањето на организацијата, во 2009 година.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW