Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Зелените доаѓаат во Штип: Преку едукација до јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот

05/10/2020
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Зелените доаѓаат во Штип: Преку едукација до јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ организираше работилница „Зелените доаѓаат“ во рамки на Зелениот караван посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, во просториите на Општина Штип.

На работилницата присуствуваа претставници на општината и на Советот, како и претставници на граѓанското општество и медиумите. Главните теми и цели на Зелен ЦИВИЛ ги поттикнаа присутните да развијат дискусија за главните активности што се преземаат во промоција и негување на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот,  но ги споделија и главните проблеми со кои на локално ниво се соочуваат граѓанките и граѓаните на Штип во однос на комуналната хигиена, работничките права, едукацијата и јакнење на јавната свест.

Проектот го презентираше Џабир Дерала, кој воедно ја истакна важноста на граѓанското учество и на носителите на одлуки во заедничка соработка на промоција, негување и едукација.

Секретарката на Општина Штип, Соња Китанова, зборуваше за позитивните аспекти и придонеси на општината и негување на вредности што водат кон одржување на хомогено општество преку толеранција и разбирање, како и соработка со граѓанките и граѓаните.

Меѓу говорниците беше и Горан Трајков, директор на Домот на млади во Штип, кој зборуваше од аспект на културата и уметноста и нивното влијание кај младите, идните носители на одлуки во општеството, нивното активно учество во креирање на свет во кој креативноста и иновативноста ќе придонесуваат кон заедничко зелена иднина. Трајков истакна дека за сите општествени проблеми што произлегуваат и водат кон неразбирање на зелените вредности, социјалната неправда, и националистичките реторики се од недоволна едукација на граѓанките и граѓаните, особено на младите генерации и неоставање доволен простор нивниот потенцијал да го насочат кон вредности кои ќе придонесат кон почитување човековите права и слободи, достоинство и личната среќа, антидискриминација, социјална и еколошка правда, демократија…

Зелениот караван на ЦИВИЛ заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.


Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“  што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

 

CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW