Шилегов: Со одговорно однесување и пристап можеме да креираме подобар амбиент за живот во општеството

Зелен ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за зелените перспективи на општината, промоцијата, негувањето и разбирањето на зелените вредности и нивната врска со социјалната правда и антинационализмот.

Зелен ЦИВИЛ: Кои се зелените перспективи на Град Скопје?

Шилегов: Стратегиите и политиките што ги води Градот, а под зелен град не се подразбира исклучиво зеленило, се верификувани на начин што нашиот град во кандитатурата за зелена престолнина ја помина првата фаза и беше меѓу осумте кандидати. За жал, не успеавме понатаму, но тоа се должи најверојатно на повеќедецениската негрижа и на животната околина и на стратешките прашања коишто значат здрава животна средина во едена урбана средина како што е Скопје. Како чекор по чекор ги исправаме тие работи, така се зголемуваат шансите на Скопје да биде носител и на таква титула.

За мене беше провокација да проверам дали стратегиите што Градот започна да ги имплементира се исправниот пат. Така што таа верификација и тоа проаѓање да влезете во 8 градови во Европа, тоа значи дека Скопје и тоа како има добри стратегии што ги воспоставивме пред 3 години со моето доаѓање за градоначалник.
Зелен ЦИВИЛ: Што конкретно работи Град Скопје во контекст на спроведување на зелените политики?
Шилегов: Покомплексно е прашањето. Што од енергетската политика што ја води Градот, што од политика за урбаниот транспорт, алтернативниот транспорт... Под енергетска политика ги имате сите видови на затоплување на домови, енергетска ефикасност на објекти, и на крај доаѓа зазеленувањето. Ако ги погледнете сите овие поенти ќе видите дека Градот и тоа како сериозно е навлезен во имплементација на овие проекти.
Стратешки за мене важно е формирањето на гратски енергетски системи каде веќе сме во фаза на поднесена апликација пред Регулаторна комисија за енергетика за да добиеме дозвола да се занимаваме со таа дејност. Тоа подразбира дека Градот ќе може да влезе во една поактивна улога кон граѓаните, што за приклучување на централниот систем за греење и гасификацијата, до тоа дека два од трите тендера за Басрапит транзитот како најсовремен концепт за урбан транспорт се веќе во тек и ги чекаме завршните преговори меѓу Министерството за финансии и ЕБДР што се јавува како главен финансиер... Ние веќе два тендера работиме. Едниот е за идејно решение за движење на трасат за Баспаит трасите и вториот е за таканаречена оптимизација на автобуските линии, затоа што транспортот со автобуси, како што го познаваме едноставно ќе престане да постои бидејќи концептот е сосема поразличен.
Трета година по ред го рушиме рекордот за обновување и поставување на ново зеленило на јавни површини како што е Мичурин под Железничка, во наслеба Кисела Вода покрај пругата, што беа мини депонии, а сега се паркови. Третиот дел од градскиот парк веќе започнавме да го работиме, на површина од неколку стотини метри квадратни... цела една лепеза каде што дел од јавноста ја гледа, дел не ја гледа... тука за жал е и политиката инволвирана, меѓутоа тоа се добри патишта за развој за нашиот град.
Треба да се напомене и креирањето на нова, досега непостоечка инфраструктура во нашиот град со што ќе овозможиме во блиска иднина граѓаните ќе имаат можност да го бајпасираат центарот, патувајќи особено од исток кон запад. Тоа се работи што и Европската комисија ги проценува кога кажува дали еден град ги задоволува определни стандарди и политики.
Зелен ЦИВИЛ: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам... Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?
Шилегов: Подобро е да ги гледаме политиките од аспект на институцијата што ја предводам во изминатите три години ги креира. За тоа што имаме некаде дури и четири пати поголеми буџети на Градот за различни категории на уславно кажано различни луѓе со цел да ги изедначиме можностите на луѓето, од отворање на дневни центри, до материјално и финансиско поддржување на индивидуи граѓани, но и здруженија чии залагања се токму овие за кои ме прашувате...
Зелен ЦИВИЛ: Што ќе кажете за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому му одат во прилог, а кој губи?
Шилегов: Социолошки е феноменот на функционирање на определни политички партии. Во недостаток на политички аргументи или одржливи опции што би биле примамливи за политичката публика, што гарантираат прогрес, развој, за жал, и за мој вкус прелесно, се играат со најинтимните чувства на граѓаните. Како што е религиската или националната припадност. Во едно комплексно општество како што е македонското тоа може да доведе до сериозни несакани последици.  Тоа е наједноставната политика за водење. јас ја викам политика на пароли. Многу е лесно да се каже некоја парола, да се налепи на неа одредена групација на луѓе и таа да добие политичка тежина. Многу е тешко да се справите со последиците од таа парола.
Со одговорното однесување и пристап на нас што сме дел од јавниот живот во политичка смисла, но и на вас што сте дел од јавниот живот во медиумска смисла, должни сме да креираме еден поинаков амбиент во општеството. Ако амбиентот го креирате поинаку ја разоружувате политиката. Имаме луѓе што сега се на почеток на своите политички кариери, што измешаа и лево и десно, кога го правите тоа, цивилизацијата го нарекува национал-социјализам или фашизам. Таквото мешање цивилизацијата ја чинеше 50 милиони животи во Втората светска војна. Тие се лесно лепливи за уво, но последиците се стравични.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
Green CIVIL

FREE
VIEW