Стојановски: Социјалната правда и еднаквоста меѓу граѓаните е иднината на нашата држава

Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, во интервјуто за Зелен ЦИВИЛ зборуваше на темите за зелените вредности, социјалната правда и антинационализам.

Зелен ЦИВИЛ: Кои се зелените перспективи на вашата Општина?

Стојановски: Општина Чашка е четврта по територија во Македонија и навистина изобилува со многу зелени површини. Целата е опкружена со планински масиви. Ќе го издвојам планинскиот врв Солунска глава, добро познат со 2560 надморска висина. Општина Чашка има 41 населено место. Како општина во изминатиот период поведовме грижа за екологијата и на зелените површини. Првпат почнавме да собираме смет во поголемите населени места, вклучително селата Горно и Долно Јаболчиште кадеш то живеат 4.000 жители. Тоа беше донација преку Бирото за регионален развој. Преку УНДП добивме 2 милиони денари за чистење на речното корито на реката Тополка низ овие две населени места. Можете замислите како е во населено место каде што живеат над 4.000 жители да не се собира смет од куѓите кај што живеат граѓаните.

Општината поведе ред и за обновување на зелените површини, веќе се крираа и направија повеќе паркови, засадени се доста дрвца, во населбата Чашка и селото Извор. Со еден збор, иднината на оваа држава и на оваа општина е токму да се зачува тоа богатство што го имаме како дар од природата.

Зелен ЦИВИЛ: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Стојановски: Според моето размислување, да бидеме искрени, политичарите не се многу запознаени. Тое е процес што допрва доаѓа во нашата држава. Имајќи предвид дека станавме НАТО членка и со идните предпристапни фондови на ЕУ, и тоа како нашата држава треба да поведе ред за сите овие вредности што ги спомнавте. Со еден збор мораме многу да поработиме на сите овие пороци кои што ги имавме во минатото, но сè уште тлејат, да направиме процес во којшто би се згаснале. Тоа е иднината на оваа држава која се бори за социјална правда, за еднаковст на граѓаните, да одиме напред и да ги шириме европските вредности.

Зелен ЦИВИЛ: Што ќе кажете за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому му одат во прилог, а кој губи?

Стојановски: Чашка е мултиетничка општина во која живеат 35% граѓани од албанска етничка заедница. Знаеме во минатото што сè се случуваше во нашата општина и јас сум посебно среќен и горд што токму во тој период во 2000 година не се случуваше на територија на општина Чашка. Тоа е една добра работа, а втората добра работа е што граѓаните што живеат на територија на Општина Чашка беа присебни и свесни за псоледиците. Јас како градоначалник морам да бидам искрен и реален дека иднината на оваа држава и на сите граѓани е токму ширење на мултиетничноста. Тој концепт што го промовира оваа влада е иднината. Сè останато што се промовира оди кон назадување. Доаѓам од политичка партија која е мултиетничка партија. На парламентанрите избори и претходно имавме пратеник во Парламентот од нашата општина, поточно од село Горно Јаболчиште, граѓанин од албанска етничка заедница.

Јас сум горд што сум дел од еден процес што први како политички субјект, како Влада, мултиетничноста ја промовира на државно ниво.

Биљана Јордановска

камера: Атанас Петровски


Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

This post is also available in: Albanian

Green CIVIL

FREE
VIEW