ЦИВИЛ како дел од активностите во Зелениот караван денеска одржа работилница во просториите на Општина Велес.
Модераторка на работилницата Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, го презентираше проектот „Зелените доаѓаат“, а со свое излагање за проектните активности и заложби за зелените вредности, социјалната правда и антинационалзимот имаше и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Свое излагање за напорите Велес да биде и остане препознаен како зелен град имашеи градоначалникот на Велес, Ацо Коцевски.
Градоначалникот Коцевски зборуваше за зелените на локално ниво, но и за национализмот како општествена појава, иако Велес не е препознатлив како град каде национализмот предизвикува кофликти во меѓуетничките односи.
„Национализмот е последното прибежиште на неранимајковците“, вели Коцевски.
Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.
Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.
This post is also available in: Albanian