Зелена анкета: Многу ниските социјална помош и пензии не ја задоволуваат социјалната правда

Зелен ЦИВИЛ  во Велес и Кавaдарци разговараше со граѓанките и граѓаните на тема социјална правда, но и за антинационализмот.

„Најважно е младите да се вработат за да не бегаат од Македонија. Ќе завршат школо, факултет и што потоа? Немаат работа. Никој од партиите не вели дојдете сите заеднички да направиме нешто за да го смениме системот“, смета еден велешанец.

„Не се грижи државата доволно. Тие пари што им ги даваат на социјалните случаи многу се малку. Истото важи и за пензионерите. со 10.000 денари не се живее, треба најмалку да бидат 15.000 денари па да може да се преживее.“, смета еден кавадарчанец.

За националзимот зборуваше граѓански активист од Велес, кој рече дека тој е најмногу присутен на социјалните мрежи, во интернет просторот.

новинарка: Мелиса Муриќ
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети


Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

 

Green CIVIL

FREE
VIEW