Мазутот заменет со гас во 28 установи информира Владата

Во 28 објекти – градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти, сменети се системите за греење, е одговорот на Владата за Слободен печат,  откако во јавноста во повеќе наврати од различни страни беше прозвана дека не сторила доволно за заштита на животната средина во 2019.

Од Владата велат дека не заборавиле на ветувањата дека мазутот во државните установи ќе биде заменет со поеколошки начини на греење. За таа намена биле потрошени 37,4 милиони денари.

Од Министерство за здравство информираат дека е гасифициран целиот Клинички центар „Мајка Тереза“, потоа ГОБ „8 Септември“, поликлиниката „Железарница“ во Скопје, болницата за гинекологија и акушерство во Чаир. Оваа грејна сезона овие установи ја почнаа со комплетно нов систем на загревање со течен гас.

Се најавува гасификација во текот на 2021 година на болниците во Битола, Тетово и во Куманово преку фондот на Европската Унија. Иако најавено уште лани, уште не е завршено гасифицирањето на болницата во Струмица.

За 2021 година повторно се предвидени 100 милиони денари за замена на нееколошки системи за греење, за зголемување на енергетската ефикасност и за обновување на урбано зеленило, дополнуваат од Владата. Се доделуваат ваучери за набавка на високоефикасни инвертер клима-уреди за домаќинствата во Скопје, Тетово, Битола и Кичево во вредност до 60.000 денари за секој. Годинава со вкупно 10 милиони денари субвенционирани беа дел од трошоците за печки на пелети во 454 домаќинства.

Во поглед на другите делови од Планот за чист воздух, велат од Влада, се работело и на измени законската регулатива, без притоа да се прецизира на кои закони мислат и дека биле зголемени казните за прекршоци во животната средина и бројот на инспекциски контроли.

Green CIVIL

FREE
VIEW