Според анализата на норвешкиот Совет за сообраќај, електричните возила веќе достигнале удел од 54,3 отсто на пазарот на нови возила минатата година, зголемување во однос на достигнатите 42,4 проценти претходната 2019, пренесува Дојче Веле.
Четирите најдобро продавани модели во нордиската држава биле „Ауди и-трон“, „Тесла Модел 3“, „Фолксваген ИД.3“ и „Нисан Лиф“- сите целосно електрични. Во декември, продажбата на електрични возила во Норвешка достигна нов рекорд од 66,7 проценти. Бројките биле зголемени благодарение на пристигнувањето на нови модели на возила, велат од Советот.
За 2021 година се очекува електричните автомобили во Норвешка да достигнат удел над 65 проценти. Дизелите, од 76,7 проценти во 2011 година, лани спаднале на 8,6 проценти.