Движењето за обнова излегува од коалицијата со СДСМ

Малите коалициски партнери на СДСМ еден по еден се „осамостојуваат“, но најавуваат продолжување на соработката и поддршка на коалицијата „Можеме“, која го има парламентарното мнозинство. Во иднина БЕСА, ЛДП и Демократскиот сојуз, самостојно да делуваат во Собранието, а такви најави доаѓаат и од Движењето за обнова на Македонија.

Како што изјави претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, за „Слободен печат“, дел од стратешкото планирање на партијата е и самостоен настап на локалните избори.

„Уште минатиот мандат, тогаш со претседателката Лилјана Поповска, бевме независни пратенички, но како дел од Коалицијата предводена од СДСМ. Заедно со Мирослав Богдановски и сега сакавме да ја продолжиме истата практика. И така сме  договорени со СДСМ. Но, поради состојбите поврзани со пандемијата со коронавирусот, во насока на подобра ефикасност во работата на Коалицијата, настапувањето како независни пратеници го оставивме за понатаму. Секако, остануваме дел од Коалицијата „Можеме“, изјави Морачанин. Слободен печат

This post is also available in: Albanian English

Green CIVIL

FREE
VIEW