Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Да го пронајдеме сонцето во нашите мисли

21/03/2021
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА, СТАВ
Да го пронајдеме сонцето во нашите мисли
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Јас сум денеска во Гостивар, на љубезната покана од градоначалникот д-р Арбен Таравари и Советот на општината, да ја одбележиме пролетта, екологијата и грижата за животната средина, а пред се дрвјата, белите дробови на нашиот заеднички дом, планетата Земја.

Секој ден е добар за одбележување на грижата за животната средина. Или, како што велиме ние во ЦИВИЛ: Сите временски услови се добри за активизам.

Дваесет и први март е познат по тоа што на тој ден календарски започнува пролетта. Овој датум е познат и како ден на садењето и како ден на шумите, а во некои земји се одбележува и како ден на екологијата.

Според одлуката изгласана на конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство при ОН во 1971 година, 21 март е прогласен за Меѓународен ден на шумите, но во поглед на таа тема не се преземени некои посебно значајни активности дури четири децении.

Дури во 90-те години од минатиот век, соочен со дефорестацијата, загадувањето и климатските промени, во светот започнуваат глобални акции за заштита на животната средина. Тие акции стануваат глобален тренд со почетокот на новиот милениум.

Генералното собрание на ОН ја прогласи и целата 2011-та за година на шумите, а на 28 ноември 2012 година, ОН повторно се навратија на овој датум и ја донесоа Резолуцијата за 21 март да се одбележува како Меѓународен ден на шумите, како што Организацијата за храна и земјоделство при ОН го стори тоа во далечната 1971 година.

Со глобални активности, светот започна со одбележување на 21 март како Меѓународен ден на шумите во 2013 година.

Во нашата земја, како и во други земји во светот, 21 март е ден кога се одбележува почетокот на пролетта, но се одбележува и како ден посветен на екологијата.

На овој датум, добро е да се потсетиме дека Меѓународниот ден на животната средина е 5 јуни, а оваа година, светот ќе го означи 5 јуни како почеток на глобалната Декада на ОН за обновување на екосистемот. Обновувањето на екосистемот подразбира намалување на загадувањето и на емисијата на јаглерод во атмосферата, но подеднакво важни се и квалитетното образование, борбата против сиромаштијата и гладта во светот, мирот, борбата против корупцијата и насилството, борбата за човекови права и слободи, еднаквост за сите луѓе.

Чест ми е, во името на ЦИВИЛ – Центар за слобода, организациската единица Зелен ЦИВИЛ и во мое име, да ги поздравам и да им ја укажам мојата длабока почит, пред сè на граѓанките и граѓаните на општина Гостивар, на активистите на организациите на граѓанското општество и на моите домаќини, д-р Таравари и општината Гостивар.

Се разбира, 21 март, денот на пролетта, паѓа во месец кој е познат по својата непредвидливост, па затоа ќе го прославиме доаѓањето на пролетта со дожд и снег, но важно е да го најдеме сонцето во нашите мисли и така да ја градиме иднината. А иднината е во нашата грижа за животната средина. Со тоа ќе дадеме најдобар придонес кон подобрување на условите во кои ќе живеат генерациите по нас.

CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW