Со нова софистицирана опрема ќе се детектираат изворите на аерозагадувањето во Скопје

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорот на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон и постојниот претставник на УНДП Нарине Сахикјан денеска во Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип ја презентираа новокупената опрема во рамки на проектот дизајниран за решавање на загадувањето на воздухот во Скопје.

„Конечно ќе имаме научни податоци за кои можеме да разговараме во врска со загадувањето на воздухот. Знаеме сите дека нема едноставно решение, инаку до сега ќе се донесеше. Веќе ги знаеме индикаторите на загадување, индустријата, транспортот, загревањето на нашите домови или други објекти. Со овој проекто ќе имаме можност да ги индентификуваме, точно кои се загадувачите. Врз основа на тие податоци ќе имаме можност да креираме соодветни политики... Се работи за пилот проект во Скопје, но ја засега целата држава. Би сакал да споделма со вас дека Владата ги обврза сите институции, на локално и национално ниво да направат список на сите нивни објекти и начинот на кој тие се загреваат. Сакаме да бидеме пример преку промена на начинот на греење на објеките и на тој начин да ги поддржиме и стимулираме нашите граѓани да го променат нивните методи на загревање“, изјави министерот за животна средина, Насер Нуредини, по промоцијата на софистицираната лабараториска опрема за утврдување и детектирање на изворите на аерозагадувањето.

„Сакам да потенцирам дека подршката на проектот што го презентиравем од наша страна се однесува на реформите што треба да се направат од страна на вашата земја за приближување и зачленување во ЕУ. Како што знаете загадувањето на воздухот е закана како за моето, така за вашето, за сечие здравје... За нас, за Шветска е важно да ги поддржи вашите напори во справувањето со овој проблем. Проектот се нарекува „Справување со аерозагадувањето во Скопје“ во соработка со Министерството за животна средина и УНДП. Сепак, навистина е важна сребата со прфоесорите од овој Универзитет што се задолжени за анализите. За нас, како Шветска, навистина е битна поддршката на земјата во однос на Поглавје 27 што се однесува на еколошките проблеми и аерозагадувањето“, изјави амбасадорката на Шветска, Кристин Форсгрен Бенгтсон.

„Во рамките на Универзитетот „Гоце Делечев“, ќе се работи на студија на изворите на загадувањето. Премиероците ќе ги добиваат од  Лисиче и Капрош и преку анализата ќе се добијат детали за можните извори на загадување. Навистина е битн ода се добијат релевантни податоци за изорите на загадување што и помогнат на Владата, на Министерството да носат одлуки со правилно адресирање на проблемите со аерозагадувањето. Ова ќе ни помогне и нам, како парнери, за посоодветен пристап кон решавање на овој проблем, но ќе помогне и во пристапот на локалните власти и граѓаните кон аерозагадувањето. Во рамките на проектот ќе бидат поддржани и 160 домаќинства во Лисиче, за промена на начиот на загревање на нивните домови со помодерни и поефикасни начини то ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздхот“, истакна Нарине Сахакјан, претставничка на УНДП.

Б. Ј.

Green CIVIL

FREE
VIEW