Вебинарот на ЦИВИЛ за граѓанско новинарство и медиумска писменост со богата и динамична агенда, одлична можност за дружење и ангажман

ЦИВИЛ ќе одржи уште два бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост на 2 и 3 април (петок и сабота) со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат до 16:30 часот. За учество на вебинарот, потребно е да се пополни онлајн АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО.

Можност за учество имаат сите заинтересирани што сакаат да стекнат нови информации и вештини од областа на новинарството, медиумската писменост и начините на кои можат да се вклучат во работата на ЦИВИЛ.

За учесниците на вебинарите ќе има електронски Сертификати за учество. Тие добиваат и можност да се вклучат во проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ, како и во други организации и иницијативи на граѓанското општество.

Основи на новинарското известување, етика, лажни вести, хибридни закани и мониторинг на изборите и политичките процеси се дел од темите на вебинарот.

На програмата се презентации од Џабир Дерала, Сашо Орданоски, Петрит Сарачини, Зоран Иванов, Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Билјана Арсовска, Ирена Крџиќ, Дијана Тахири. Одлична можност за дружење и ангажман!

ЦИВИЛ Тим за комуникации

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

Green CIVIL

FREE
VIEW