Нуредини ја презентираше националната климатска амбиција во рамки на климатскиот лидерски самит на САД

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини  денеска ја претстави климатската амбиција на Република Северна Македонија на виртуелната министерска тркалезна маса организирана од претседателскиот посебен претставник за клима Џон Кери, во рамките на лидерскиот климатски самит на претседателот на САД, Џо Бајден.

-Ревидираниот национално утврден придонес за 51 отсто намалување на емисиите на стакленичките гасови, односно 82 отсто нето редукција до 2030, беше презентиран пред министрите од преку 20 други земји во светот, како дел од заложбата на САД за враќање помеѓу водечките економии за постигнување на климатската неутралност, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

На средбата, министерот ја истакна сериозната амбиција на нашата држава како мала, но, ранлива на климатските промени, како и поддршката која е потребна од развиените земји за постигнување на глобалните цели.

Green CIVIL

FREE
VIEW