Обединет Балкан за Чист Воздух: Информирање на јавноста околу аерозагадувањето

Без разлика дали дишеме сè повеќе загаден воздух или само стануваме свесни за тоа благодарение на популарните апликации и активистички кампањи, јавниот притисок останува клучна алатка за подобрување на системот за следење и исполнување на правото да бидеме соодветно информирани за квалитетот на воздухот.

Ние, претставниците на кампањата „Oбединет Балкан за чист воздух“, го посочуваме фактот дека државите и локалните самоуправи се должни да овозможат пристап до информации околу загадувањето на воздухот во кое било време. Ние би сакале да ги потсетиме нив, дека ова прашање е подеднакво важно како и известувањето за природни катастрофи. Податоците треба да бидат навремени и лесно достапни, а нивното презентирање пред граѓаните мора да биде разбирливо.

Граѓаните на западен Балкан имаат право да го знаат моменталното ниво на загадување на воздухот и да бидат информирани за сите понатамошни случувања. Локалните и државните институции треба да им дадат навремени информации, како што тоа го прават во случаи кога се намалува квалитетот на водата во јавните системи за снабдување или кога има зголемување на сончевото ултравиолетово зрачење.

И покрај значителните достигнувања што се случија од првичното поставување на станиците за мониторинг на квалитетот на воздухот, тие сепак имаат недоволно територијално покривање. Дури и во урбаната околина, немаат информации за одредени загадувачи, особено најфините честички од прашина (ПМ 2,5), што е една од најопасните материи. Многу станици во регионот ги објавуваат своите податоци задоцнето, иако тие би биле релевантни за населението само доколку се достапни секој час.

Повеќето од земјите во регионот немаат прецизен регистар на извори на загадување и дефинирани нивоа на емисии на штетни материи. Ова, заедно со недостатокот на сериозни инвестиции во станиците за мониторинг, спречува усвојување соодветни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Со потпишување на Декларацијата од Софија во ноември 2020 година, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија се согласија да ја одобрат

Зелената агенда за Западен Балкан, која вклучува обврска на земјите од СБ6 да ги подобрат напорите за следење и известување, отворајќи пат кон фондовите на ЕУ.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ е иницирана од Европскиот фонд за Балканот, во партнерство со Правото на градот (Белград, Србија), Институтот за регулирање на обновливите извори и животната средина (Белград, Србија), Отворено училиште во Белград (Белград, Србија), Институт за животна средина и територијално управување (Тирана, Албанија), Екофорум (Зеница, Босна и Херцеговина), Центар за економија и енергија (Тузла, Босна и Херцеговина), Сбункер (Приштина, Косово), МојВоздух/AirCare (Скопје, Северна Македонија ) и ОЗОН (Подгорица, Црна Гора). Заедно, ќе ги ставиме на располагање сите материјали на кампањата за граѓаните на Западен Балкан, за кои очекуваме да земат активно учество во кампањата.

Green CIVIL

FREE
VIEW