Албанската верзија на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт сè уште не е подготвена. Од таму информираат дека новата веб-страница ќе биде обезбедена како донација од ОБСЕ и истата треба да биде пуштена во употреба на крајот на август или септември оваа година и ќе биде на три јазици, македонски, албански и англиски, известува Порталб.мк.
„Тендерската постапка се одвиваше преку ОБСЕ, станува збор за донација од нив и крајниот рок треба да биде до крајот на август, или во септември, односно тогаш треба да ни ја достават страницата. Потоа, неколку недели ќе трае тестирањето, и две лица треба да бидат обучени да работат на веб-страницата. ОБСЕ е меѓународна институција и имаат специфични процедури, а ние сега очекуваме да биде што е можно побрзо и инсистираме на тоа за време на нашите состаноци, Додека го чекаме ОБСЕ, работиме да ги преведеме сите документи, процедури, регулативи, тековната работа на три јазици, велат за Порталб.мк од Агенцијата за млади и спорт.
Во врска со тоа дали имаат преведувачи вработени во Агенцијата за млади и спорт, тие изјавија дека ангажирале лице со договор за работа, но немале трајно овластени преведувачи.
„Ние користиме надворешни лица за превод, тука имаме вработени Албанци кои помагаат, но немаме вработено официјално лице со лиценца. Во моментот има лице ангажирано со договор на дело, но нема постојани вработени“, велат од Агенцијата за млади и спорт.
Инаку, иако поминаа две години од стапувањето во сила на Законот за употреба на јазиците во Северна Македонија, неговата примена е многу слаба во пракса. Во членот 23 од овој закон се вели дека „Во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон, сите надлежни институции се должни да донесат подзаконски акти за спроведување на Законот“. Меѓутоа, недостатоци во спроведувањето на овој закон се забележуваат во институциите како на централно, така и на локално ниво.
Пример на непочитување на овој закон коректно е Агенцијата за млади и спорт, која е единствената институција во Северна Македонија што е одговорна за потребите на младите и спортот во земјата. Тие ја имаат веб-страницата на само еден јазик, македонски, со што им се оневозможува на Албанците на РСМ да бидат информирани на нивниот мајчин јазик.