Мерко: Невладините од Охрид прво нека си го исчистат „својот двор“, па после да бараат „музички желби“

„Некои работи ги изведуваме по наш терк затоа што имаме план и проект за тоа, и понекогаш ни се појавуваат и напади од здруженија, невладини итн… но, мислиме дека секогаш не треба да го земеме во предвид нивното делување, бидејќи кога изведуваме проект се консултираме со граѓаните од таа улица, од тоа населено место, односно сите кои се засегнати од тоа. Пример ако изведуваме некоја улица тогаш ги прашуваме тие граѓани што живеат на таа улица да дадат амин за изведба на работата. Ние секогаш им укажуваме што се работи, мора да се информирани во целост за во тој поглед да нема проблеми. Засега од таков вид проблеми скоро ги немаме иако има доста „музички желби“, но ние сме секогаш на терен во такви случаеви.

Но, за жал, многу невладини „не и го сакаат доброто“ на Струга, напаѓаат без аргументи. На пример се палела трската во сувиот дел во потегот Струга – Калишта, истото се прави и во Подмоље и во Охрид, но секогаш се напаѓа Струга од невладини од Охрид иако не се професионалци, да не зборувам каква професија имаат. Ние имаме искусни еколози, инженери, архитекти, инспектори кои работат во тој прилог, и мислам дека не е фер да се напаѓа за да се заштити нивното делување. Треба прво да го гледаат „својот двор“ како го суредија, па потоа да критикуваат друг“, истакна Рамис Мерко, градоначалник на општина Струга.

Д.М.

Green CIVIL

FREE
VIEW