Над 120 жртви се евидентирани во најсилната поплава што ја зафати Западна Европа. Спасувачките екипи веќе трет ден продолжуваат да „чешлаат“ низ руинирани домови и деловни објекти во потрага по жртви од силните поплави во неколку градови во Западна Германија. Локалните власти стравуваат дека бројот на смртни случаи најверојатно ќе се зголеми.
Разурнувачката поплава однесе најмалку 108 животи само во Германија. Западниот дел од Германија беше најтешко погодена од сите четири држави кои беа зафатени со поплави предизвикани од обилните дождови на почетокот на оваа недела. Поплавите погодија повеќе од 20 градови во Германија. Покрај Германија погодени беа и делови од Белгија, Холандија и Луксембург, кои исто така бројат жртви од поплавите во неколку градовите и селата низ целата област.
Брзата и силна вода уништи и патишта, прекинувајќи го пристапот до некои области, влијаеше и врз достапност на интернет и услугата за мобилен телефон со што дополнително се отежна проценувањето на бројот на исчезнати граѓани.