„Остави го местото какво (не)сакаш да го најдеш“ и „најнов модел на канта за ѓубре“, гласат коментарите на граѓанинот Велин Стојановски, кој ни испрати фотографии од Водно во кои се гледа како несовесните граѓани сметот го оставија на клупата и масата кај што седеа, наместо да го фрлат во празната канта за ѓубре која е на само 10 метри.
За жал има многу вакви случаи каде што граѓаните го оставаат сметот наместо да си го соберат и да го фрлат во канта за ѓубре, или во случај ако нема канта за ѓубре тогаш сметот да го понесат со себе и да го фрлат во најблиската канта што ќе ја најдат.
Д.М.