Трпевски: Има околу 1000 депонии во руралните средини

„Во Струга има сериозен проблем со дивата депонија која несомнено влијае врз животот и здравјето на луѓето, меѓутоа и на целиот екосистем во околината“, вели за ЦИВИЛ Медиа, претставникот од Македонското здружение на млади правници, Бојан Трпески, кое ги тужи Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и јавното претпријатие „Комунално“ поради непреземање мерки за справување со дивата депонија, посочи дека со судската постапка целта им е да се воспостави системска промена, која ќе води до ефикасно управување со отпадот во државата. Бараат дислокација, деконтаминација и рекултивирање на просторот на кој се наоѓа депонијата.

„Со ова сакаме преку конкретна постапка да се постигне поширока промена, односно да се унапреди управувањето со отпадот во државата.

Депонија во Струга (01.07.2021), фото: Горан Наумовски / ЦИВИЛ

Во нацрт стратегијата за управување со отпад кое е објавено како документ во Министерството за животна средина, има наведено односно утврдено дека во руралните средини има околу 1.000 диви депонии и токму затоа се одлучивме на овој чекор“, вели Трпевски.

Дехран Муратов
камераа: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Green CIVIL

FREE
VIEW