УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство

Нашата држава доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство – буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово.

Имено, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од  човекот во последните 100 години е призната за Светско природно богатство на УНЕСКО на антички и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа.

Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот на УНЕСКО ја донесене на вчерашната проширената 44-та сесија со која претседаваше Фужоу (Кина).

 Номинацијата ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавната установа Национален парк Маврово, а е изработена со поддршка на Институт за екологија од Клагенфурт, Австрија и национални експерти.

Green CIVIL

FREE
VIEW